Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција по Самитот Украина – Југоисточна Европа, предупредија на руската закана на Балканот.
– Фактот што сме денескa овде, на заедничка маса, е важен пример дека дојдовме и станавме обединети. Мислам дека ова што се случува сега е вистинскиот пример. Не обрнуваме внимание на провокациите, бидејќи тие само разделуваат. Денешниот самит е за обединување. Мислам дека Русија ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата. Русија доаѓа до заклучоци за грешките што ги направила на територијата на Украина, па затоа ќе се обиде да дестабилизира пошироко, истакна Зеленски.
Верувам, додаде тој, дека под закана се „балтичките земји, Молдавија, балканските земји каде што беше присутен Советскиот Сојуз“.
Во однос на истото прашање Рама истакна дека „има многу лекции што можеме да ги научиме од нашата историја на Балканот, но она што се случува во Украина е уште една лекција“.