Зеленски: Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е апсолутно неприфатливо за него да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Москва.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е апсолутно неприфатливо за него да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Москва.
Toj јавно го покани Путин да дојде на разговори во Киев.
„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како да се сретнам со него во Киев. Можам и да го поканам во Киев – нека дојде. Еве, јавно го поканувам, ако се осмели, да дојде во Киев“, рече Зеленски.
Истакна дека Украина сака конструктивен договор за завршување на војната.
„Но, ако некој не сака да се сретне, од некоја причина, не може директно да го каже тоа, тогаш се појавуваат такви повици од Москва. Јасно е што се случува“, рече украинскиот претседател.
Зеленски рече дека секогаш е подготвен за каков било формат на разговори што би ја завршиле војната, но невозможно е тоа да биде во Москва или Белорусија.
„Апсолутно е јасно зошто – едната од земјите е агресорот што ја започна војната против нас, нè убива, а другата земја е партнер во овие акции“, нагласи Зеленски.