Украинскиот претседател – Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно руски ракети би можеле да паднат врз земјите-членки.
„Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на вашата територија, на територијата на НАТО“ – изјави Зеленски.
Неговата изјава следи откако вчера руските сили ја рекетираа воената база Јаворив, што е лоцирана во близина на границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери oд НАТО.
Во нападот загинаа 35 луѓе, а повредени со над 130.