Здружението на тренери во Италија бара Израел да биде суспендиран од меѓународни натпревари

Здружението на тренери во Италија бара од првиот човек на националната фудбалска федерација Габриеле Гравина да испрати барања до ФИФА и УЕФА за времена суспензија на израелската репрезентација од меѓународни натпревари, објави „АНСА“.

Во барањето се наведува дека израелската репрезентација треба да биде суспендирана поради ситуацијата во Појасот Газа.

Италијанската и израелската репрезентација се во иста група во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Меѓусебниот натпревар на Италија и Израел е закажан за 8 септември на неутрален терен во Унгарија. На 14 октомври, двете репрезентации треба да играат во Удине, Италија.

По два натпревара, Италија е на третото место со три бода, Израел е втор со шест освоени бода по три одиграни натпревари.