Здружението за канабис „Билка“ бара итна легализација: „Пациентите да не зависат од црниот пазар!“

По заплената на десетици тони во Македонија, заплената на пет тони марихуана во Србија која таму стигнала од Македонија, како и барањата на дел од партиите да се затворат ваквите фабрики, Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, бараат легализација на канабисот.

По заплената на десетици тони во Македонија, заплената на пет тони марихуана во Србија која таму стигнала од Македонија, како и барањата на дел од партиите да се затворат ваквите фабрики, Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, бараат легализација на канабисот.

„Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА со сериозна загриженост ги следи скорешните настани поврзани со заплената на пет тона македонски канабис во Србија и десетици тона во Македонија. Ваквата состојба е директна последица на децениска погрешна политика, лоши законски решенија и погрешна имплементација на постоечките. Имено, БИЛКА години наназад алармира дека донесените и постоечки законски решенија исклучиво го фаворизираат бизнисот, а не пациентите, за кои и декларативно беше првично наменето законското решение. Дополнително, во неколку наврати предлагавме законски измени чија имплементација требаше да доведе до квалитетни медицински производи од канабис за пациентите и дестигматизација и декриминализација на рекреативните корисници“, истакнаа од здружението во објава на Фејсбук.

Од Билка исто така велат дека барањата на, како што ги нарекоа, минорни македонски партии, кои доживотно се шлепале со партијата на власт за укинување на можноста за одгледување на медицински канабис поради злоупотреби биле беспредметни, бидејќи тие злоупотреби биле настанати поради повеќегодишен пропуштен надзор на министерствата за здравство, земјоделие и внатрешни работи, а не поради самата можност за одгледување.

„Апелираме до сите парламентарни партии итно да работат на Lex Canabis како Lex specialis кој конечно ќе го реши ова прашање со цел пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не се криминализираат, индустрискиот коноп повторно да се јави на македонското поднебје и секундарно, зашто да не, и буџетот да се полни. ЛЕГАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“, порачаа од Билка.