Здравствената состојба на папата Франциск не се подобрува

Здравствената состојба на папата Франциск сеуште не се подобрува. Поради ова тој не може да ги извршува своите секојдневни обврски регуларно.

Поради овие долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис од катихизисот.

Папата бил хоспитализиран пред околу една недела. Но подетални информации околу тоа не излегуваат во јавноста.

Поглаварот на Римокатоличката црква страда и од последици од скршено колено и воспаление на лигаментите, поради што уште пред две години почна да  користи инвалидска количка, но најчесто успевал да се заобиколи со помош на помагало.

Католиците и целокупната јавност будно ја следат здравствената состојба на папата очекувајќи дека таа ќе се подобри.