Здравко Понош – кандидат за претседател на Србија од Здружената опозиција
На 3. април во Србија ќе има меѓудругите и претседателски избори, а на два месеци до нив полека се кристализираат позициите и на опозициските и на владејачките партии во земјата.
Пензионираниот генерал Здравко Понош ќе биде претседателски кандидат на опозицискиот сојуз.
Деновиве се чека одлуката на поранешниот претседател на Србија – Борис Тадиќ дали ќе побара уште еден мандат, лидерот на Двери – Бошко Обрадовиќ официјално ја претстави својата претседателска кандидатура.
Кандидатура за претседател на Србија најави и Милош Јовановиќ од опозициската коалиција, а секако пред Србите нов мандат се очекува да побара и актуелниот претседател – Александар Вучиќ.