Поради 9. мај – Денот на Европа зградите на Европската Унија во Брисел синоќа беа осветлени во боите на украинското знаме.
„Ние сме со Украина и нејзиниот народ во нивната борба за слобода, мир и демократија: истите вредности врз кои беше изградена ЕУ пред 72 години“ – напиша Европската служба за надворешни работи на Твитер.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот Твитер профил напиша дека зградите на ЕУ, во пресрет на Денот на Европа, блескаат во боите на украинското знаме.
„Тие блескаат исто како нашата надеж да видиме враќање на мирот во Европа. И да започнеме да градиме заедничка иднина со нашите украински пријатели“, напиша Фон дер Лајен.