Зголемен водостој и ризик од локални излевања на реките низ Македонија

Во централните и источните региони потенцијалниот ризик ги опфаќа сливовите на Вардар (средно и долно течение), Брегалница, Пчиња, Крива Река, Струмица и Црна Река. Во зоната на внимателност се вклучени и поголем број населени места и градови, меѓу кои Велес, Штип, Куманово, Прилеп и Битола.

Според УХМР, најголемиот дел од територијата е во жолта фаза, што означува состојба на внимателност и потреба од зголемено следење на хидролошките услови.

Во централните и источните региони потенцијалниот ризик ги опфаќа сливовите на Вардар (средно и долно течение), Брегалница, Пчиња, Крива Река, Струмица и Црна Река. Во зоната на внимателност се вклучени и поголем број населени места и градови, меѓу кои Велес, Штип, Куманово, Прилеп и Битола.

Од друга страна, западниот дел на земјата вклучувајќи ги подрачјата околу Тетово, Гостивар, Дебар и Струга засега останува во зелена фаза, без најави за хидролошка опасност.

Надлежните појаснуваат дека жолтиот аларм означува потенцијално опасна состојба, што подразбира потреба од претпазливост, особено за граѓаните кои живеат или се движат во близина на речните корита и локалните водотеци кои брзо реагираат на врнежи.

Иако не се очекуваат екстремни поплави, институциите апелираат до јавноста редовно да ја следи состојбата и да избегнува непотребни активности во ризични подрачја, сè додека трае периодот на зголемена хидролошка внимателност.