Зголемен број кривични дела и убиства во Бугарија: Премиерот Денков на средби во бугарското МВР

Итни средби во Бугарија по убиството на бизнисменот Алексеј Петров. Во бугарскиот Министерски совет (Влада) ќе има средба со претставници на Министерството за внатрешни работи и службите, свикана од премиерот Николај Денков, јави БТА. Средбата која ќе започне во 15 часот по локално време и е во врска со зголемениот број тешки кривични дела во државата, соопшти владината служба за информирање.

Копретседателот на пратеничката група на „Продолжуваме на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Атанас Атанасов на Фејсбук напиша дека е императив итно да се свика состанок на Советот за безбедност на Советот на министри, на кој конкретни мерки и задачи за ограничување на ризиците и контрамерки против тековните закани за националната безбедност.

Владината прес-служба во соопштение до медиумите објасни дека состанокот што го свика премиерот Николај Денков има поинаков формат од Советот за безбедност, а Советот денеска не треба да се состане.