Звицер е жив: Убиениот во Панама не е водач на „Кавачкиот клан“

Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во Панама физички не наликувал на шефот на ковачкиот клан Радоје Звицер.

Полициската управа, заедно со идентификацијата и физичката проверка, добила дефинитивна потврда дека Звицер не е убиен во Панама, туку дека се работи за друго лице, чиј идентитет се уште не е соопштен.

Пред два дена, да потсетиме, медиумите објавија информација дека водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во пукање во вила во Панама.

Претходно денеска, да потсетиме, Вања Звицер, ќерката на водачот на кавачкиот клан, Радој Звицер, објави видео како пее со нејзината мајка Тамара.

Видеото се појави 48 часа откако беше објавена информацијата дека Радоје Звицер наводно бил застрелан во Панама, а се претпоставува дека неговата сопруга и ќерка сакале на сите да им докажат дека водачот на мафијашкиот клан е сѐ уште жив, пишува Курир.