За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Како што пренесува грчкиот портал Прото Тема, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар.

Како што пренесува грчкиот портал Прото Тема, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар.

Претходно во понеделникот грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите на Санторини да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“.

„Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да изготви научен преглед на феноменот во следните неколку дена за сите да знаат со што се соочуваме“, рече тој.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки од пренатрупани патишта кои водат до главното пристаниште каде што се закотвуваат фериботите.

Од безбедносни причини, училиштата на Санторини, Анафи, Иос и Аморгос ќе бидат затворени до петок.

Исто така, за денеска е предвидена средба во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита.

На состанокот ќе присуствуваат претставници на локалните власти, Противпожарната бригада, крајбрежната стража, вооружените сили и други надлежни органи.