За 14 години во Србија речиси 580.000 повеќе починати отколку родени

Од јануари до декември 2025 година, во Србија е регистрирано намалување на живородените деца - 58.445, што е за 1.866 помалку, или 3,1 процент, во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Републичкиот завод за статистика.

Од јануари до декември 2025 година, во Србија е регистрирано намалување на живородените деца – 58.445, што е за 1.866 помалку, или 3,1 процент, во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Републичкиот завод за статистика.

Од 2012 до крајот на 2025 година, поради негативен природен прираст, Србија изгуби 579.953 жители.

Според податоците на Републичкиот завод за статистика, во тој период имало 888.622 живородени деца, а починале 1.469.576 лица.

Највисок морталитет е забележан за време на пандемијата со Ковид-19, кога вкупно 253.473 лица починале во 2020 и 2021 година. Според податоците од Светската здравствена организација, за време на пандемијата, по Бугарија, Србија била земја со најголем број смртни случаи во однос на бројот на жители.