
За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра, албанските граѓани во странство 1,3 милијарди евра
Централната банка на Албанија објави дека во првата половина од годинава, земјата ја посетиле над 4,7 милиони туристи, кои потрошиле 2,1 милијарди евра, што е за 1,9 милијарди евра или 7,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Централната банка на Албанија објави дека во првата половина од годинава, земјата ја посетиле над 4,7 милиони туристи, кои потрошиле 2,1 милијарди евра, што е за 1,9 милијарди евра или 7,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
„Секој турист просечно потрошил по 440 евра наспроти 428 евра во истиот период лани, што значи 12 евра повеќе. Неизбежно се наметнува дилемата дали туристите платиле повеќе поради зголемените цени или потрошиле малку повеќе во Албанија, наведува Топ чанел.
Од друга страна и трошоците на албанските граѓани за патување во странство за одмор, или дури и работа, не се мали. Надвор од земјата патувале 3,98 милиони кои потрошиле 1,3 милијарди евра, што во просек значи дека еден албански граѓанин во странство потрошил 326 евра.
-Туристичкото салдо останува позитивно. Разликата помеѓу трошењето на странските туристи во земјата и она на албанските граѓани во странство, достигна 800 милиони евра, што е највисоко ниво досега. Се очекува ова салдо дополнително да се подобри, имајќи го во предвид големото присуство на туристи во јули и август, кога е шпицот на сезоната, наведува телевизијата.
Албанија ја посетуваат претежно туристи од Европа, но туристите од Америка, Африка, Азија и Блискиот Исток не заостануваат многу. Албанските граѓани продолжуваат да патуваат претежно во Европа, но и пошироко.