За Фрчкоски има индиции за злоупотреба на средства од шест цифри, вели Муцунски

„За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата“, рече Муцунски.

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била спроведена внатрешна постапка при што биле добиени загрижувачки информации. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, а одговарајќи на прашања околу поранешниот амбасадор во Обединети нации, Љубомир Фрчкоски.

„За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата“, рече Муцунски.

Тој зборуваше и околу најавите дека одредени лица ќе поднеселе тужби против министерството. Тоа е нивно право, рече Муцунски.

„Беше споменат и терминот тужба, и другата страна ќе има право да приложи свои аргументи и докази. Тоа што го видов е за одредени ноторни состојби, ноторни факти, но секој има право да ги даде своите аргументи. Убеден сум дека откако МНР е раководено од моја страна внимаваме секогаш максимално да се почитуваат законите и процедурите, штоне било пракса додека ова Министерство било раководено од мојот претходник“, рече министерот.

Тој најави дека во најскор можен период ќе бидат пополнети сите клучни амбасадорски позиции, а во 2025 година, целта е да бидат пополнети и сите ДКП-а.