Во последните три дена, од 30. април до 2. мај 2022, направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица.
Од МЗ информираа дека од 210 нови случаи на КОВИД-19, најмногу се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7…
Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции.
Од 140 оздравени пациенти, во Скопје има најмногу или 73, Битола – 23, Велес – 8, Куманово, Кавадарци и Штип – по 5, Кичево – 4…
Во текот на изминатите три дена нема пријавено починати лица.
И согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ нема пријавено починати лица.
Досега во земјата бројот на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.