Стојанче Ангелов – директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово го посети Секторот 112 и од дежурниот сменоводител и примателите на итни повици бил запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112.
ЦУК информираше дека во петокот, кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици, вчера тој број изнесувал околу 430, а во текот на ноќта меѓу сабота и недела, до 8 часот утринава биле примени 76 повици.