За три дена двајца починати како последица на Ковид 19, има 389 нови случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните три дена (од 26 август до 28 август) направени се 1.561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19: Скопје – 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20…

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции.

Регистрирани сe 698 оздравени пациенти од: Скопје – 335, Битола – 54, Куманово – 37, Кавадарци – 35, Прилеп, Охрид и Гевгелија – по 20, Тетово – 17, Кочани – 16, Неготино – 15, Штип и Берово – по 14, Струмица – 12, Гостивар – 11, Велес и Радовиш – по 10…

Во текот на изминатите три дена, пријавени се 2 починати лица од Скопје (79 г и 85 г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 2 починати лица од Скопје (76 г) и Кичево (63 г), лицата се починати во домашни услови.
Лицата се пријавени за починати во период од 18 авуст до 22 август годинава.

Досега во земјата бројот на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926.