За сертификат како на Христовски, осудени две директорки за фалсификат, објави 360степени

Две директорки (на училиште и болница) со признание на вина веќе се осудени на условни казни за фалсификување на ТОЕФЛ Сертификат од училиштето Јулија во Пловдив, истото училиште кое како издавач на неговиот јазичен сертификат го посочува новиот директор на АНБ, Бојан Христовски.

Две директорки (на училиште и болница) со признание на вина веќе се осудени на условни казни за фалсификување на ТОЕФЛ Сертификат од училиштето Јулија во Пловдив, истото училиште кое како издавач на неговиот јазичен сертификат го посочува новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, објави 360степени.

Објавен е и дел од пресудата на која е посочено името на училиштето Јулија односно дека директорките употребиле фалсификувани документи за да се пријават на конкурсот. И двете признале вина за што добиле условни затворски казни од две години кои би се реализирале доколку во нредните 4 години сторат ново кривично дело.

Пресудата е донесена на 9-ти октомври. Обвинителството го има преквалификувано делото и наместо за „употреба на исправа со невистинита содржина“ како што стоело во пријавата на МВР, директорките се гонети за фалсификување односно дека изработиле непостоечки документ.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски во својата биографија со која конкурирал за асистент на Факултетот за безбедност навел дека има сертификат од истата јазична школа Јулија во Пловдив во Бугарија за која и бугарски новинари открија дека не постои на локацијата и не се занимава со издавање на ТОЕФЛ сертификати.