За коалициските партнери СДСМ и ДУИ сите предложени имиња од Алтернатива, кои треба да се носители на јавни функции во следната Влада се прифатливи.
„Очекуваме сите предложени со преземање на јавни функции да бидат посветени, чесни и одговорно да ги водат институциите во интерес на граѓаните. Се соочуваме со предизвици кои бараат неуморна работа, посветеност и одговорност за полесно да ја надминеме светската енергетска и здравствена криза, но и да го подобриме животниот стандард” – е ставот на СДСМ
Од ДУИ велат дека на парламентарното мнозинство му е потребна стабилност.
„На парламентарното мнозинство му е потребна стабилност во услови на разговори со Бугарија, енергетските и здравствените кризи, така што и Алтернатива и другите пратеници се добредојдени да дадат конструктивен придонес. Да преземеш одговорност да раководиш со две институции меѓу двете кризи е храброст и им посакуваме успех во овој предизвик во кој сме сите заедно” – велат од ДУИ.
Синоќа на седница на Централното собрание на Алтернатива беа утврдени имињата на носителите на функции во Владата:
Адмирим Халити – министер за информатичко општество
Беким Сали – министер за здравство
Џемаил Чупи – министер без ресор за Дијаспората
Лулзим Алиу – заменик министер за образование
Даил Лучи – заменик министер за култура
Абдилшикир Абедини – заменик-министер за земјоделство
Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието
Орхан Муртезани – директор во МЕПСО
Амир Елези – директор во Клиничката болница во Тетово
Дритан Беџети – директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Блерим Абази – директор во Управата за матични книги
Мубекир Палоши – директор во АД Железници – Транспорт
Беким Емини – директор во Агенцијата за странски инвестиции
Амир Билали – заменик директор во Агенцијата за млади и спорт