За Путин и Русија Каспаров спаѓа во групата: “ Екстремисти и терористи “
Русија го додаде шаховскиот велемајстор и политички активист Гари Каспаров на листата на „терористи и екстремисти“, се вели во известувањето на руската финансиска разузнавачка служба, пренесе новинската агенција АФП.
Каспаров е повеќекратен светски шампион во шах. Но меѓудругото е долгогодишен противник на Владимир Путин.
Инаку, Каспаров живее во Соединетите Американски Држави (САД) речиси една деценија.
Во 2013 година, плашејќи се од правна постапка, тој ја напушти Русија и од САД продолжи да ја осудува руската влада и нејзината војна во Украина.
Руските власти веќе го означија Каспаров како „странски агент“ во 2022 година.
Актуелните власти во Русија тој термин го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.
Повеќето од главните противници кои останаа во Русија се во затвор, додека други се во егзил.