
Во текот на продолжениот викенд (20, 21 и 22 март 2026 година), полицијата спроведе засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што биле издадени вкупно 1.699 платни налози.
Најголем дел од прекршоците, дури 476, се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење.
Поради безобѕирно управување со моторно возило, лишени од слобода биле 60 лица. Од нив:
-11 управувале возило под дејство на алкохол
-17 возеле без возачка дозвола
-6 управувале и покрај изречена забрана
-1 возач се движел во забранет правец
Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 20 возила.
Според полициската статистика, евидентирани се и:
-198 прекршоци за неправилно паркирање
-35 санкции за возење под дејство на алкохол
-193 случаи на некористење сигурносен појас
Дополнително, санкционирани се:
-10 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем
-10 пешаци за прекршоци во сообраќајот
Од сообраќај биле отстранети:
-29 нерегистрирани возила
-12 возила поради техничка неисправност
Исто така, девет возачи биле санкционирани поради несоодветно затемнување на стаклата на возилата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.