За пет часа 90 казнети возачи на територијата на општина Шуто Оризари

МВР во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 21.00 часот спроведе акциска контрола на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 90 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест санкции за возење без лекарско уверение при вршење јавен превоз…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.