![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/mickoski-1-750x430.jpg)
ремиерот Христијан Мицкоски го коментираше најновиот рејтинг на „Транспаренси интернешенл“ за перцепцијата на корупцијата, на кој Македонија забележува уназадување за два поени.
„Логичен е тој извештај, и добро е што два затоа што мислев дека е повеќе по оние коруптивни скандали на минатата влада. Ако ги видите сите седум критериуми ќе видите дека се однесуваат на минатата влада. И тоа е добра основа од каде ќе можеме да ја подобруваме нашата позиција. Ќе ги задолжам и денеска на седница соодветниот министер јасно ги детектира слабостите и тие работи да не ни се повторат. Нема да ни се повтори повеќе Соравија во центар на Скопје, измени на кривичен законик со злоупотреба на европско знаменце, нема да се повторат Бентли, Рол Ројс автомобили на нашите семејства, нема да ни се повторат наместени тендери, и сето тоа е нотирано, и за нас преставува добра основа да видиме дали ќе бидеме подобри“, изјави Мицкоски.
СДСМ возврати дека резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се уште еден „доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ“.
„Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година. Оваа Влада ветуваше беспоштедна борба против корупцијата, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога.
Додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а Косово дури петнаесет – Македонија под оваа Влада се движи наназад.
СДСМ за време на своето владеење ја зацврсти позицијата на Македонија во борбата против корупцијата, овозможувајќи континуирано напредување на индексот од 2019 до 2023 година. За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата, порачаа од СДСМ.