За Мицкоски ,,неодговорната опозиција” бара одговорност за директорот на АНБ
Во интервјуто за МИА, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот за именување на донедоамнешниот член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на градскиот комитет на партијата, Бојан Христовски, за шеф на АНБ, бил „кристално чист“.
Во интервјуто за МИА, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот за именување на донедоамнешниот член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на градскиот комитет на партијата, Бојан Христовски, за шеф на АНБ, бил „кристално чист“. И дека „неодговорната опозиција“ креирала скандали. Тој не може да разбере зошто се барала сенка во овој процес, за кој и по одлуката на ДКСК се покажало дека е транспарентен.
„До ден денеска не можам да разберам зошто се обидуваме да ставиме сенка на еден процес којшто е кристално чист. Се спореше неговата диплома, и освен Тоефелот, се докажа дека ниту едното ниту другото не е спорно и сега повторно на дневна политика ја сведуваме темата што е поврзана со институција која е дел од безбедноста на државата. И тоа не е јавен интерес. Јас разбирам што е јавен интерес, но тоа не е јавен интерес. Ете, се постави прашањето, се затвори прашањето и сега во потрага по сензација со сила да креираме скандали се прави ваква јавна дебата од поединци, не е тоа од сите. Тука пред сѐ мислам и на неодговорното однесување на опозицијата. Ако тие така мислат дека треба, ние немаме од што да се плашиме, подготвени сме за јавна дебата“, рече Мицкоски.