За Меџити одлуката за разрешување на Коцевски дошла поради правни прекршувања
Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека одлуката на владата за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е резултат на неговите континуирани правни прекршувања.

Тој на Алсат М телевизија истакна три клучни елементи што го детерминирале овој потег.
„Прво, оваа постапка е во согласност со духот на меѓународниот фактор и стратешките партнери, со цел да се интервенира таму каде што има прекршувања. Второ, довербата на граѓаните во судскиот систем е на најниско ниво од 90-тите години и речиси повеќе не постои. Трето, јавниот обвинител Коцевски продолжи со континуирани правни прекршувања, создавајќи ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување“ – изјави Меџити.
Во однос на новиот јавен обвинител, тој нагласи дека треба да биде професионалец кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во владеењето на правото.