За Маричиќ гласањето уставни измени нема реална поткрепа, Мицкоски вели има отворен пат за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен

Во вчерашното издание на Трилинг, вицепремиерот Бојан Маричиќ посочи дека противењето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање уставни измени нема реална поткрепа. Тој смета дека се користат сите механизми за разговор со опозициските партии.

Рече дека со државата не владеат криминалци, иако претходно 11 години владееле. Изрази жалење дека ВМРО-ДПМНЕ не се оградиле од криминалите на нивните претходни функционери.

Денеска лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски му возврати на Маричиќ кој синоќа на Трилинг рече дека „е расчистен патот за уставните измени“.

Мицкоски рече дека „има отворен пат за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен.

-На тој начин ќе ги спасиме граѓаните од дополнителни срамови, предавства кој што Бојан Маричиќ и останатите како него ги носат – посочи тој.

„Јас го разбирам и Маричиќ и Ковачевски и Зечевиќ, апсолутно можам да ги разберам. Тие луѓе немаат легитимитет од народот, не се бирани од народот и за нив секој ден значи тендер повеќе, привилегија повеќе. Секој ден плус таму каде што се, не значи додадена вредност за граѓаните и за Македонија, туку значи додадена вредност лично за нив, богатење, злоупотреба и уживање во привилегиите. Но, и тоа ќе заврши и после тоа ќе треба да се соочат со институтот одговорност. Е сега јас велам колку побргу тоа се случи, толку помал срамот за нив ќе биде. Затоа, отворен е патот за брзи предвремени парламентарни избори“ – посочи Мицкоски.