За земање мито е уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството – фатен е со обележани пари
Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Наводно се работи за земање на мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД.
Дека директорот земал мито е констатирано со помош на одбележани пари.
Од МВР и ОЈО ГОКК за „Фокус“ ја потврдија акцијата.
– Полициски службеници во моментов вршат претреси на повеќе локации под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, стои во соопштението од МВР.
– Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа – велат од ОЈО ГОКК и најавуваат детали во текот на утрешниот ден.
Стоилев е назначен за в.д директор во јули 2024 година, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.