За една недела над 2.000 заболени од грип во земјава
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062 случаи на заболувања слични на грип во текот на третата недела од 2026 година. Иако ова е благ пад од 11% во однос на претходната недела, бројките се за 46% повисоки споредено со истиот период минатата година.

Вирусот е најактивен кај децата и работно способното население:
Највисока инциденца е регистрирана е кај најмалите – децата на возраст до 4 години, додека пак најбројна група се лицата од 15 до 64 години (1.274 случаи).
Кај ризичните групи односно лицата над 65 години забележани се 266 случаи.
Активноста на вирусот варира низ градовите, при што во неколку места е прогласена многу висока активност:
Во четири ЦЈЗ/ПЕ – Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три – Кратово, Штип и Виница – висока активност, средна активност се регистрира во 11 ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност…
Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број на заболени достигна 8.209 лица, што е двојно повеќе од лани.
Досега се регистрирани три смртни случаи поврзани со компликации од грип.