За еден месец бројот на евидентирани невработени лица зголемен за речиси 2.800

Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани.

Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани. Според Владата годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност на ниво од  11,1%, пишува Порталб.мк  во новата економска анализа.

Годинава невработеноста треба да се намали на 11,1% …

Вкупно 97 157 лица во државата,  на крајот од јуни,  биле официјално регистрирани како невработени  – активни баратели на работа. Новите полугодишни податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека и на месечно ниво, но и во однос на лани истиот период, бројот на невработени е зголемен. Компаративната анализа на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека во јуни во однос на мај, кога биле евидентирани 94 371 невработен,  бројот е зголемен за дури 2 786 лица. Иако трендот за пријавување и одјавување на вработени и невработени  се менува на месечно ниво, статистиката покажува дека од почетокот на годинава само во јуни во однос на мај е регистрирана позначајна промена во бројот на невработени лица.

Невработени ( активни баратели на работа)

Јуни 2025 год                                  97 157 лица

Мај 2025   год                                 94 371 лица

Јуни 2024  год                                 96 828 лица

Извор: АВРМ

И во однос на лани, истиот месец има пораст на бројот на невработени. Па така , лани во јуни во евиденциите на Агенцијата за вработување , со статус невработени се воделе 96 828 луѓе што е за 329 помалку во однос на истиот месец годинава. Со цел да се добие слика за трендот на евидентирани невработени од почетокот на годинава, „Порталб“ направи  споредба и на податоците по регионални центри за евиденција на Агенцијата за вработување– кај голем дел од нив има зголемување на активните баратели на работа.

Активни баратели на работа

Јуни 2025                              Јануари 2025агенци

Град Скопје                               21 118                                   19 826

Тетово                                         12409                                   12 097

Куманово                                    9 623                                      9 890

Гостивар                                    7 388                                       7384

Прилеп                                      5 464                                       5 459

Извор: АВРМ

На крајот од првото економско полугодие, на прво место со 21 118 невработени е Град Скопје и во однос на првиот месец од годинава бројот е зголемен за 1 292 лица. На второ место со 12 409 невработени е регионалниот центар во  Тетово каде  во однос на 31 јануари бројката е зголемена за 312 лица.  Тетовскиот центар за вработување, по Град Скопје,  е единствениот на ниво на државата со петцифрена бројка на невработени – сите останати се со помалку од 10 000 евидентирани лица со статус на невработени.

Следуваат регионалниот центар во Куманово со 9 623 невработени и во однос на јануари годинава бројката е намалена за 267, потоа Гостивар со 7 388 евидентирани лица и оваа бројка во однос на состојбата со првиот месец од годинава е зголемена за нови 4 активни баратели на работа.  Во центарот за вработување во Прилеп евидентирани се 5 464 невработени со минимален раст за 5 нови невработени. Во сите останати регионални евиденции на АВРМ на ниво на државата – бројот на активните баратели на работа е помал од 5 000.

Владата во ребалансираниот Буџет за годинава нотираше намалување на невработеноста. Повикувајќи се на Анкетата за работна сила, во првиот квартал од 2025 та била регистрирана стапка на невработеност од 11,7 % што претставува намалување за само 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал. Според буџетските прогнози, годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност.

“Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1% во 2025 година а стапката на вработеност да достигне 47%“ – се наведува во неодамна усвоениот ребаланс на буџетот.

Во државава податоци за невработеност и вработеност објавуваат две различни институции според различна методологија – Агенцијата за вработување каде на месечно ниво се води евиденција на реалниот број на невработени и вработени и Заводот за статистика кој ја мери стапката на вработеност и невработеност на државни ниво. Според Заводот за статистика во првиот квартал од годинава во државата имало 92 597 невработени на возраст од 15 до 74 години додека во истиот период, или на крајот од март, според Агенцијата за вработување имало 95 575 невработени.

(Порталб.мк)