За Душко Чифлиганец пишуваат и регионалните медиуми, другарите и пријателите во неверување

Информацијата дека по пад од мотор на трка во Брно, Чешка, починал македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, извршен потпретседател на Адора Бизнис Груп и коосновач на Prime Capital by Adora е во фокусот и на регионалните медиуми.

Информацијата дека по пад од мотор на трка во Брно, Чешка, починал македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, извршен потпретседател на Адора Бизнис Груп и коосновач на Prime Capital by Adora е во фокусот и на регионалните медиуми.

Медиумите пренесуваат детали за несреќата и дека првично бил во кома, по што им подлегнал на повредите.

Тажната вест за смртта на бизнисменот Душко Чифлиганец силно ги погоди неговите пријатели и јавни личности кои преку социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки.

Неговиот најдобар другар и бизнис партнер Иван Ивановски напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Ivanovski (@ivan_ivanovski)

Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам…

Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.

Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.

Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.

Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.

Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. 
Во секоја одлука. Во секој нов чекор.

Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам.

Игор Дурловски:

Жалосно е што понекогаш дури и во моменти на загуба, се заборава човечноста и се истакнуваат разликите. Нека неговото заминување биде потсетник да ја цениме секоја човечка душа и да покажуваме сочувство и почит.

Нека почива во мир Душко и да му даде Господ царство небесно.

Луција Јаковлевска:

За каде се брзаше бе другарче мое…

Пасија ти беа трките со коли и со мотори…

Беше прекрасен човек, голем другар и одличен бизнисмен…

Понекогаш животот не е фер, Бог ги зема најдобрите луѓе кај себе.

Почивај во мир Душко Чифлиганец, нека Бог ти ги отвори портите небесни.

Сочувство до семејството.

Во знак на почит, и многу јавни личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Иџе, Миа Костова…, споделија спомени и изразија сочувство до неговото семејство.