За дополнителни пет километри Грција ќе ја прошири оградата кај Еврос на копнената граница со Турција

Ќе ја продолжиме изградбата на оградата со дополнителни 5 километри во областа Суфли, најави министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис за време на неговата посета на Еврос, на копнената граница со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Ќе ја продолжиме изградбата на оградата со дополнителни 5 километри во областа Суфли, најави министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис за време на неговата посета на Еврос, на копнената граница со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Хрисохоидис посочи дека „чувањето на границите е чин на одговорност кон грчкото општество“.

– Граничната заштита не е само технички проект, техничко прашање. Тоа главно е прашање на патриотска одговорност, тоа е прашање на посветеност на нашата должност, со цел несебично да служиме на она што го бараат сите Грци. Безбедност, гранична безбедност, законитост и, на крајот, почитување на меѓународното право, посочи надлежниот министер.

При посетата на регионот на Еврос, од надлежните бил информиран за напредокот на изградбата на оградата и резултатите во управувањето со миграциските бранови на копнената граница со Турција, кои се намалени споредбено со лани.

Поконкретно, како што соопштија од Министерството за заштита на граѓаните на Грција, во првите седум месеци од 2024 година, од полициските оддели во Орестиада и Александруполи, уапсени биле 3.421 мигрант за нелегален влез во земјата, а оваа година, за истиот период, бројот е намален на 2.518 уапсени лица.

Во областа источна Македонија и Тракија, во периодот јануари – јули лани уапсени биле 3.629 мигранти за нелегален влез во земјата, а во првите седум месеци од 2025 година, 2.877 лица.

Намалените бранови, според Министерството, главно се должат на зајакнувањето на мерките за гранична заштита и главно на завршувањето на изградбата на клучните делови од оградата.