За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана
Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништени вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција.

Според генералниот директор на полицијата, Илир Прода, регионот Скадар, во северниот дел на земјата, останува регион со најголем ризик, со уништени 105.591стебла. Во исто време, структурите на државната полиција идентификувале и уништиле во почетната фаза 17.447 садници а заплената е и поголема количина семе марихуана.
-Во извештајниот период се идентификувани 580 случаи на одгледување на марихуана, во што беа вклучени 191 лице, од кои 106 се уапсени, 36 се приведени, 17 се бранат од слобода, а по 32 лица се трага. Како резултат на засилените контроли површините со ова наркотично растение, споредено со истиот период минатата година, се намалени, што подразбира и помала бројка на уништени стебла и садници, изјави Прода.
Нагласи и дека во текот на оваа година, кривично се гонети се и 163 лица за злоупотреба на службена должност и непријавување кривично дело, главно селски старешини, административци, вработени во електродистрибуција, шумски инспектори.
Порача дека борбата против одгледувањето марихуана останува национален стратешки приоритет и предизвик што бара континуирана меѓународна соработка.