
За девет месеци албанските иселеници дома испратиле 817 милиони евра
Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција.
Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција.
Според Централна банка на Албанија, дознаките достигнале 817 милиони евра во периодот јануари-септември годинава, што е зголемување од 5,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.
-Само во третиот квартал, емигрантите испратиле 285 милиони евра, или 8,8 отсто повеќе од истото тромесечие лани, како резултат на летните сезонски текови, наведува банката.
Доколку продолжи сегашното темпо, 2025 година би можела да заврши со над една милијарда евра, што е историска бројка за албанската економија.
Зголемувањето на дознаките е поврзано со новиот бран на заминувања, само во периодот 2022-2023 година, според Евростат, за првпат, на албански граѓани, им биле издадени 154 илјади дозволи за престој.
Од 2008 година, над 920 илјади албански граѓани добиле дозволи за престој во земјите од ЕУ, станувајќи главен извор на дознаки за семејствата во Албанија.
Италија и Грција остануваат главни дестинации, додека приливите од Велика Британија и Германија значително се зголемиле во последните години.
Банката на Албанија ги пресметува дознаките од формални и неформални канали, преку банкарски податоци и специјални анкети, за вистинско мерење на придонесот на емигрантите во економијата.