Во изминатите два месеца, односно од први јуни, кога почнаа да функционираат, до 31 јули, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле околу 35.000 туристи, објави министерката за здравство, Албана Кочи.
Во видеозаписот што го објави на Фејсбук има и изјави на годишноодморци, кои се многу задоволни од односот на медицинскиот персонал и дадената услуга или совет.
– Триесет и четири летни здравствени амбуланти, нудат 24/7 услуга и се незаменлив извор на услуги за домашните и странските туристи во текот на летната сезона.
За два месеца дадени се над 35 илјади услуги, што е за 30 отсто повеќе споредено со од минатата летна сезона, што е условено и од поголемиот број туристи, наведува Кочи.
Овие амбуланти, или 4 повеќе од минатата сезона, функционираат за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.
На северот има 10, во централниот дел 9 и во јужниот дел 15 здравствени амбуланти. Во нив се ангажирани 300 лекари и медицински сестри и функционираат 24 часа, седум дена во неделата.
Годинава за првпат националниот ургентен центар стави на располагање и 20 фиксни станици за брза помош.
Во меѓувреме албанскиот премиер Еди Рама изјави дека годинава бројот на туристи е поголем за 150 отсто, споредно со минатата година, кога за цела година беа регистрани над 10 милиони.