
Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем, информираат од МВР.
-Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци – 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 заради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, се вели во соопштението од МВР.
Согласно Законот за возила, 39 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.