За Владата биле непримерни изјавите на родителите од Кочани за одговорност на функционерите

Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

Вчера родителите побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради селективната истрага и отсуството на емпатија на највисоките функционери во власта. Таткото на загинатиот тапанар на групата „ДНК“ ја нарече Сиљановска „маќеа“, а не мајка на нацијата и гневно ја искина поканата што дошла од нејзиниот кабинет за средба без да има личен потпис на претседателката.

Митева повтори дека Владата ја разбира болката на семејствата, но на собирот биле слушнати „лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили“, рече Митева без воопшто да одговори на тврдењата на родителите. Па дури и ги игнорираше, како да не беа искажани овие зборови на завиените во црно родители.