„Нудиме јасен модел за европско образование на нашите деца. За нас образованието и младите се клучни во следниот мандат. По примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, воведуваме бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето“ рече претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 од Коалицијата за европска иднина, Моника Зајкова на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“.
Таа додаде дека за подобрување на стандардот на учениците се обезбедува и ваучен насловен како „Среќен почеток“ во износ од шест илјади денари за секое првачи и девет илјади денари за секој нов средношколец.
„Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус во месец август или 3.000 денари за материјали и учебни помагала“ рече Зајкова.
Таа додаде дека се воведува и бесплатна едукативна екскурзија во петто одделение со цел подобро запознавање на Македонија, односно на значајните места од македонската историја и култура, како и бесплатна екскурзија во деветто одделение Запознај го регионот, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.