„Македонија да биде пристојно место за живеење за секој, место каде што различностите се прифатени, луѓето уживаат еднакви слободи и права, а не држава на нетолерантност, дискриминација, хомофобија и национализам“ рече Моника Зајкова на изборното Собрание на општинската организација на Либерално-Демократската Партија во Карпош по повод 26-годишнината од партијата.
Зајкова во своето обраќање потенцираше уште еднаш дека Македонија треба да биде пристојно место за живеење за секој, место каде што различностите се прифатени, луѓето уживаат еднакви слободи и права, а не држава на нетолерантност, дискриминација, хомофобија и национализам.
– 26 години сме препознатлив фактор на политичката сцена, учествувајќи во носењето на клучни државнички одлуки кои ја водат Македонија напред, борејќи се за либералните и европски вредности, за подобар живот на секој човек, посочи Зајкова.
Според неа ЛДП останува партија која се залага за транспарентно работење, почитување на човековите слободи и права, инклузивност при работењето и носењето на политики, и силно залагање за интересите на сите граѓани во нашата држава.
– ЛДП преку своите членови и општински организации ќе биде најгласниот протагонист за ефикасно справување со корупцијата. Уште еднаш потсетувам дека за личности чиишто намери се богатење на грбот на граѓаните, нема место во ЛДП. Преку нашите национални и локални политики ќе бидеме стимул во обезбедувањето на стабилност, економски развој и можности за младите. Енергетска транзиција, чисти и зелени локални самоуправи. Институции и општини кои ќе бидат брз и ефикасен сервис на граѓаните. Децентрализација, ИТ номади, развој на спортот, развој на претприемништвото и можности за слободно здружување. Ќе бидеме чувар на општините, чувари на позитивните вредности во кои партиската книшка, неквалитетот и стереотипите ќе останат практики од минатото, заклучи Зајкова.
Таа додаде дека ЛДП ја гледа како сериозен политички фактор без кои не би можела да се формира ниту една Влада.