Зајкова избрана за претседател на LIBSEEN – Либералната мрежа на Југоисточна Европа
Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), е избрана за нов претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN), регионална алијанса која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа.
Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), е избрана за нов претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN), регионална алијанса која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа. На Регионалната либерална конференција „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ,“ која се одржа во Скопје, Зајкова доби едногласна поддршка за водење на LIBSEEN во следните четири години.
Овој избор е признание за меѓународниот авторитет на ЛДП и Зајкова во либералното семејство, но и за заложбите на партијата за забрзување на евроинтеграциите на Северна Македонија. LIBSEEN, како платформа за регионална соработка, поддржува иницијативи како поттикнување на младите претприемачи, зелени политики, намалување на роаминг цените („roam like home“), и зајакнување на граѓанскиот сектор.
Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024?“ е организирана во чест на годишнината од завршувањето на скрининг-процесот во преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.
Во рамки на програмата, освен Зајкова, се обрати и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Два панела на теми „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“ и „Дали ЕУ сè уште е привлечна?“ вклучија високи претставници од ЕУ и либерални политичари.
Конференцијата ја организираа LIBSEEN, ALDE, Европскиот либерален форум (ELF) и Европскиот парламент, отворајќи нови можности за забрзување на интегративните процеси и промоција на европските вредности.