Зајкова добива закани – вели нападите нема да ја предомислат, ЛДП останува доследна на своите програмски принципи!

Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието.

За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на партијата, честитајќи му ја изборната победа на новоизбраниот американски претседаел, Доналд Трамп.

Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието. Минатата година законот не помина во собранието, но Зајкова нагласи дека не се откажува ниту таа како пратеник, ниту ЛДП, затоа што тој закон претставува заштеда на граѓаните од повеќе илјади денари на годишно ниво.

Според Зајкова, предлагањето на законот е нормален начин на функционирање во ЕУ но додава дека во Македонија изгледа тоа предизвикува и бури и закани и посочува дека заканите кои ги добивала минатата година телефонски и на социјалните мрежи, сега добиле на интензитет.

Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат – во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.