Претставници на палестинското движење Хамас пристигнаа во Москва, соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
Можам да кажам и потврдам дека претставници на тоа палестинско движење се во посета на Москва“, рече Захарова на денешниот брифинг.
Во исто време, специјалниот претставник на претседателот на Русија за Блискиот Исток и африканските земји, заменик министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов најави дека палестинскиот лидер Махмуд Абас наскоро и официјално ќе ја посети Москва, каде што ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.
Во меѓувреме, агенцијата Тасним јавува дека во Москва пристигнал и заменик-министерот за надворешни работи на Иран Али Багери Кани.
Како што е прецизирано, Багери Кани во Москва се сретнал со рускиот колега Сергеј Рјабков. На средбата се разговараше за билатералните односи, како и за состојбите во регионот и светот. Други детали се уште не се откриени.