Русија се надева дека нејзините партнери во Азија, Африка и Латинска Америка нема да учествуваат во антируските иницијативи, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова во врска со одлуката на Швајцарија да одржи конференција на високо ниво за Украина.
„Се надеваме дека нашите партнери во Азија, Африка и Латинска Америка ќе бидат внимателни и ќе избегнат да бидат вовлечени во уште една антируска авантура“, истакна Захарова.
Таа нагласи дека учеството на земјите од глобалниот југ „е неопходно за Западот само за да го зајакне колективниот ултиматум што ќе и биде упатен на Русија“, пренесува ТАСС.