Захарова распали по Бугарија: За првпат во историјата властите не забранија авион на небото, туку човек во авион

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека одлуката на бугарските власти да го затворат воздушниот простор за авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, доколку таа се наоѓа на него, е опасна глупост.

„Злобната глупост на русофобите доведе до тоа за првпат во нашата историја официјални власти да не забранат авион на небото, туку човек во авион. Така било напишано во официјалната белешка на бугарското МНР – авионот може да прелета над Бугарија, но Марија Захарова не може да патува во авионот. Не беше ништо кажано за тоа дали можам да летам над Бугарија без авион или низ вселената“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа потсети дека воздушниот сообраќај е регулиран со одредбите на Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Според документот, „копнените територии и соседните територијални води“ се сметаат за територија на државата, додека воздушниот простор не е вклучен во тој термин.