„Неколку стотици руски дипломати се вратија во Русија од земјите-членки на НАТО“.
Ова е изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.
Коментирајќи го протерувањето на руските дипломати од западните земји, според Захарова е без преседан и истакна дека „вакво нешто никогаш не се случило во историјата на меѓудржавните односи“. Според неа, причините за протерувањето биле „измислени и извршени преку провокации“.
„Никогаш во историјата на меѓународните и меѓудржавните односи вакво нешто не започнало во последните децении. Се измислува изговор, кој се фабрикува и потоа се применува преку провокации. Токму како повод, не како факт, туку како изговор. Потоа следеа бранови протерувања на руски дипломати“ – рече Захарова.
Захарова рече дека „работеле добро, се фокусирале на воспоставување и развивање билатерални економски и политички врски, воспоставиле контакти, пред се во рамките на овластувањата што ги имале како дипломати, и со граѓанското општество, зборувајќи за земјата, го промовирале гледиштето на Русија“.