Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова рече дека Западот мора да престане да „го предизвикува трпението на Русија“. Таа испрати остро предупредување до западните земји, особено Велика Британија, поради „храбрењето на Украина за напад на руската територија“.
Рече дека Западот го „користи“ украинскиот претседател Володимир Зеленски и му нареди да престане да ја предизвикува трпеливоста на Русија.
„Ние би сакале Киев и Западот сериозно да ја сфатат изјавата на Руското Министерство за одбрана, дека натамошните провокации што ќе ја охрабрат Украина да изврши удар на руски објекти, ќе наидат на остар одговор на Русија“ – рече Захаров.
Таа посочи дека украинската влада е само марионетски режим на Западот без независност, порачувајќи му на Зеленски дека е искористен.
„И повторно, гледаме дека неговиот режим не е независен и дека неговите одлуки се целосно зависни од странските кустоси. Верувам дека западните кустоси се обидуваат да му ја наметнат мислата дека неговата акција е независна. Убедена сум дека таквата група на луѓе, кои ние го нарекуваме режимот во Киев, смета дека донела независна одлуки и ја контролира ситуацијата. Ова е само илузија. Вие сте искористени“ – вели Захарова.