Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека обвинувањата на Западот за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални се „самооткривачки“.
Во соопштение објавено на мрежата Телеграм Захарова кажа дека форензичките резултати за смртта на Навални сè уште не се достапни, но дека Западот веќе донел свои заклучоци.
Захарова не посочи на кои обвиненија мисли, пренесува Ројтерс.