Захарова во живо доби инструкции да не го коментира ракетниот напад врз Дњепар

Додека Захарова зборуваше и заѕвони мобилниот телефон и неидентификуван соговорник и кажа: Што се однесува до нападот со балистички ракети врз фабриката „Јужмаш“, за што Западот почна да зборува, воопшто не коментирајте“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова додека држеше брифинг, емитуван на платформата „ЈуТјуб“ (YouTube), доби инструкции да не го коментира нападот со интерконтинентална балистичка ракета врз Дњепар, Украина.

Украинската армија соопшти дека Русија истрелала интерконтинентална балистичка ракета врз Дњепар.

Додека Захарова зборуваше и заѕвони мобилниот телефон и неидентификуван соговорник и кажа: Што се однесува до нападот со балистички ракети врз фабриката „Јужмаш“, за што Западот почна да зборува, воопшто не коментирајте“.

Захарова само се заблагодари и продолжи со брифингот, наведувајќи оти Русија е подготвена да ја разгледа секоја „реална иницијатива“ за мир во Украина, при тоа земајќи ги предвид нејзините интереси и ситуацијата на теренот.