Носителот на листата од изборна единица 6, Небојша Захариески денеска оствари средба со граѓаните на Гостивар каде што презентираше и дел од програмата ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.
Захариески на средбата истакна дека “На многу гостиварчани како и на жители од околните рурални средини им се одземаат имоти за автопатот Бехтел и Енка, и тоа по цена од само 230 денари на метар квадратен без никаква направена проценка ни според законот, ни според македонските и европските стандарди за проценување. Тоа е една паушална постапка се со цел да се одземе имотот по секоја цена.”
Тој додаде дека е неопходно, заради обезбедување правна сигурност, еднаквост пред законите и неселктивна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на републички јавен обвинител. Наместо на предлог на Владата, тој да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години.
За крај, Захариески посочи „Да се зголемат платите во судската администрација, бидејќи тоа влијае на корупцијата, на траспарентноста, на непотизмот и на клиентелизмот. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се бори за нулта толеранција за корупцијата како и правда еднаква за сите граѓани.”