Захариевски: Амбициите се да го стабилизираме ФК Вардар, да игра многу подобро

По кратката соработката со Горан Петрески, фудбалскиот клуб Вардар веднаш назначи нов тренер на екипата.

Поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевски беше промовиран како нов кормилар на скопските „црвено-црни“.

Захариевски му се заблагодарува на раководството, на навивачите, структурите на ФК Вардар што му дадоа можност и биде нивниот избор да го води клубот.

– Доаѓам во незгоден момент, каде што не можам да корегирам во делот на физичка подготовка, не можеме да корегирам во внесување на нови играчи. Имаме уште два-три дена ако можеме да се засилиме со еден нов фудбалер. Амбициите се да го стабилизираме Вардар, да игра доста подобро, да оди на победа. До каде ќе стигнеме во овој момент не можам да кажам, но Вардар ќе се бори секогаш да победува – вели Захариевски.

Моментно во шампионатот Вардар е на последното 12 место со три бодови.